Во овој сектор моментално сме опремени со три различни машини за печатење: ревијална ротација Harris Graphics, новинска ротација Goss Community и четворобојна офсет машина Heidelberg Speedmaster во Б1 формат. Овие машини ни овозможуваат огромен капацитет и тоа:

  • печатење до три дневни весника со просечен тираж од 35.000 примероци

  • печатење до 10 неделни магазини со просечен тираж од 10.000 примероци

  • печатење на голем број месечни изданија

  • печатење на високовалитетни каталози, брошури, флаери , постери и сл.  

Вредно е да се спомене дека во моментот во Македонија само нашата компанија поседува магазинска ротација која е во можност да печати двостран колор 16 страници А4 одеднаш со брзина од 20000 примероци на час што е исклучително голема брзина и е подготвена да излезе во пресрет на било кое ваше барање. За да би можеле да си претставите колкава е таа брзина можеме да наведеме еден пример: Флаер со формат А5 и тираж од 1.000.000 примероци можеме да го отпечатиме во колор и испорачаме за 12 работни часа. Што се однесува до материјалите кои се користат во процесот на производство, тие се од најпознатите светски производители, при што не е водено сметка само на цената на чинење на одредени репроматеријали туку прв и основен предуслов е нивниот квалитет. Сето ова го гарантира и квалитетот на завршниот производ кој е наша прва и основна цел.

Што се однесува до роковите за печат можеме да споменеме дека досега не се случило да задоцни некој проект што поред квалитетот е многу важно за Вашиот бизниз.