Графички Центар Скопје е компанија основана во 2000 година со 100% швајцарски капитал. Врз основа на добиените сознанија за печатарскиот бизниз во Македонија и потребата од сериозен субјект во оваква гранка на подрачјето на нашата држава се решивме да создадеме компанија која ќе одговори на потребите на коминтентите во Македонија. Првата цел ни беше да создадеме центар кој во секое време со своите можности и капацитет ќе биде во самиот врв по квалитет и брзина на услугите. Втората, да пружиме комплетна услуга т.е. да создадеме центар во вистинската смила на зборот – не треба повеќе за дизајн да се оди на едно место, за филмување на друго, а пак за печат и доработка на трето. За таа цел изградивме сопствен објект со 1100 м2 и го опремивме со најсовремена технологија од областа на подготовката за печат и печатење. Нашиот персонал се докажани професионалци во своите области и подготвени се во секое време да излезат во пресрет и на најсложените барања од коминтентите. Во почетокот се ориентиравме на дневни и неделни весници и други печатени изданија. Со време почувствувавме потреба за опрема за печатење на високвалитетни каталози и проспекти така да настапивме и во оваа гранка. За брзо време навлеговме на пазарот во овој сегмент и со квалитетни продукти уште еднаш ја докажавме нашата посветеност кон пружање на најквалитетни можни услуги на нашите коминтенти.

Нашите референци говорат сами за себе. Ве покануваме да ни посветите малку време и да ги разгледате содржините на нашиот веб сајт. Доколку имате потреба од услугите што ги нудиме, не се воздржувајте да не контактирате. Со задоволство ќе излеземе во пресрет на вашите барања.

 Д О Б Р Е Д О Ј Д О В Т Е